Бројките кои се поврзани со трансферот на Бразилецот, Паулињо, кој денес го официјализираше трансферот во Барселона се навистина неверојатни.
Паулињо во Барселона пристигнува за сума од 40 милиони евра, а тоа ги налути фановите на шпанскиот гигант. Имено, откупната клазула на Паулињо изнесува огромни 120 милиони евра што е повеќе од поголемиот дел играчи од првиот на Барселона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Помала клазула од Паулињо во своите договори имаат: Делофеу, Серхио Роберто, Денис Суарез, Умтити, Видал, Диње, Силенсен, Рафиња, Алкасер, Маскерано и Андре Гомеш.
Покрај тоа, верувале или не, Паулињо е петото најскапо засилување во историјата на клубот, поскапи од него беа само: Нејмар, Луис Суарез, Златан Ибрахимовиќ и Давид Виља.
Тука не се смета Андре Гомеш кој беше платен 35 милиони евра, плус 20 со одредени бонуси. За крај трансферот од 40 милиони евра е најскапата продажба на еден кинески клуб.