Вчерашниот пораз на Челзи во финалето од ФА Купот против Ливерпул беше посебно болен за Мејсон Маунт кој го промаши пеналот кој на „црвените“ им ја донесе титулата.
Токму Маунт го следи неверојатен баксуз во финалните натпревари кој се играат на „Вембли“. Во последните три години Англичанецот изгуби шест финалиња на овој легендарен стадион. Во 2019 година како играч на Дерби беше поразен од Астон Вила во плеј-офот за влез во Премиер лигата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во 2020 година како играч на Челзи изгуби од Арсенал исто така во финалето од ФА Купот, а следната година загуби уште едно финале во ова натпреварување овој пат од Лестер. Истата година на „Вембли“ во дресот од Англија претрпе пораз од Италија во финалето на Европското првенство.
Сезонава прво го изгуби финалето од Лига Купот, а сега и во ФА Купот, противник во Лига Купот на Челзи беше Ливерпул.