Дома Трансфер зона Неапол во „транс“- Наполи тргнува по човекот кој „срцето го остави“ во Неапол и може да го доведе БЕСПЛАТНО!

Неапол во „транс“- Наполи тргнува по човекот кој „срцето го остави“ во Неапол и може да го доведе БЕСПЛАТНО!

lavezii aguero

Ќе успее ли Наполи во своите редови да врати еден од поранешните миленици на навивачите?

Езекиел Лавеци во 2012 година од Наполи одлучи да премине во ПСЖ, во тие момети тогаш Аргентинецот изјави дека заминува, но дека срцето му останува во Неапол каде што се изгради како играч.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


На „Паркот на принцовите“ помина четири години, но никогаш повеќе не ја достигна формата со која настапуваше во Наполи. Минатата година замина во Кина во тимот на Хебеи Фортуна каде што заработуваше огромна сума, добиваше 400.000 евра неделно, односно 20 милиони евра по сезона.

Од првиот ден 2018 договорот со Хебеи му завршува, а како што пренесуваат италијанските медиуми тој со задоволство би се вратил во Наполи.

Со оглед на тоа дека е слободен играч, Наполи за него не би морал да плати ништо, но проблем е платата на Аргентинецот кој бара четири милиони евра годишно.

Лавеци има 33 години и има пад во формата без разлика што во Кина постигнуваше гол на скоро секој натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барса се вклучи во трката за колумбиската ѕвезда

Левандовски ја игра последната година во Барселона, па раководството на каталонскиот гиган…