Легендарниот српски фудбалер Драган Стојковиќ Пикси го продолжи договорот и ќе остане на клупата на кинескиот Гвангжу РФ до 2021 година.
Амбициозниот кинески прволигаш една година пред истекот на актуелниот му понуди нов договор на Стојковиќ, што значи дека тој отпаѓа од комбинациите за нов селектор на фудбалската репрезентација на Србија.
Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ
Името на Пикси најчесто се споменуваше во српските медиуми како наследник на Славољуб Муслин, кој по успешно завршените квалификации за Мундијалот спогодбено го раскина договорот.
Стојковиќ го презеде Гвангџу во август 2015 година, а претходно беше тренер во Јапонија и ја предводеше Нагоја.