Дома Останати Тенис „Не ме интересира статистиката на Ѓоковиќ, Федерер е најголем на сите времиња“

„Не ме интересира статистиката на Ѓоковиќ, Федерер е најголем на сите времиња“

Aдријано Панат, освојувачот на Ролан Гарос од 1976 година смета дека Роџер Федерер е најголемиот тенисер на сите времиња и за него тоа не може да се промени во блиска иднина.

„За мене лесно е прашањето кој е најголем на сите времиња. Статистиката во корист на Ѓоковиќ не ме интересира. Ја на таа работа гледам малку подлбоко и Федерер секогаш ќе биде оној кој е подобар од другите“, изјави 69 годишниот Панат, некогаш четврти тенисер во светот.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Во текот на кариерата на Италијанецот освои десет титули и го следеше глас дека не е баш вреден работник.

„Тој мит треба да се разбие, не бев мрзлив. Навистина на теренирав како Виљаш, но имав многу ризичен стил на игра кој бараше да бидам 100% спремен. Сепак, точно е дека имав и други интереси покрај тенисот“, додаде Панат.

Федерер до сега освои 20 Грен слем титули, една повеќе од Надал и три помалку од Ѓоковиќ кој има подобар меѓусебен скор и со Роџер и со Рафа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Синер издоминира против Ѓоковиќ како ретко кога за финале со Алкараз!

Повредата што Новак Ѓоковиќ ја заработи на крајот од четвртфиналето против Коболи очигледн…