Jaвноста веќе подолго време го следи Мик Шумахер, синот на легендарниот Михаел кој ги следи стапките на неговиот татко.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Мик се натпреварува во Формула 2 каде што вози за Према Рејсинг. Покрај него посериозно во овој свет влегува и неговиот братучед, син на Ралф Шумахер, Дејвид.
Дејвид Шумахер оваа сезона целосно ќе дебитира во Формула 3 возејќи за тимот од Чешка, Шаруз. Дејвид и минатата година возеше во Формула 3, но тогаш го менуваше повредениот Алекс Перони и настапи на две трки.
„Среќен сум што зачекорувам во Формула 3 со тимот на Шаруз. Минатата година возев на последните две трки и тоа беше добра подготовка. Одиме чекор по чекор оваа сезона и ќе се обидеме да завршиме колку што е можно повисоко на поредокот“, изјави Дејвид Шумахер.