Дома Фудбал Не добива минутажа, но Перез не сака да слушне за негова продажба!

Не добива минутажа, но Перез не сака да слушне за негова продажба!

Изгледа дека хрватскиот фудбалер, Матео Ковачиќ сепак би можел да остане во редовите на Реал Мадрид.

Ниту изминатата сезона, Ковачиќ не добиваше преголема минутажа на „Сантијаго Бернабеу“ и наводно од управата на Реал побарал да го пуштат, меѓутоа во „кралскиот клуб“ тоа го одбиле. Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Перез му кажал на Ковачиќ дека не сака да прифати ниту една понуда за него, што во превод значи дека во Мадрид сепак долгорочно сметаат на него.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Изминативе недели, Ковачиќ се поврзуваше со многу клубови, особено со Ливерпул, Јувентус и Милан, но од трансферот немаше ништо. Потсетуваме, Ковачиќ е член на Реал Мадрид од 2015. година кога пристигна од Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Салах под знак прашалник за Ливерпул по смртта на неговиот дедо

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, ја доживува семејната трагедија по смртта на неговио…