Поранешниот директор на Баерн Минхен, Ули Хенес откри детали околу трансферот на Хари Кејн во Баерн Минхен.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Хенес ги потврди информациите на медиумите дека газдата на Тотенхем, Даниел Леви во последен момент се обидел да извлече повеќе пари.
Екс-претседателот на германскиот гигант објасни што се случувало помеѓу 10-ти и 11-ти август
„Некаде околу полноќ постигнавме вербален договор, а тогаш два часа подоцна трансферот повторно се доведе во прашање. Тотенхем побара повеќе пари, но нашиот директор Дрисен кажа: Нема шанси ниту евро повеќе. Поминаа шест часа за Леви да прифати, ние бевме доволно тврдоглави авионот да чека на аеродромот. Помогна и што Кејн кажа дека ако не се финализира договорот ќе си замине следното лето бесплатно“, изјави Хенес.