Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Не било проблем продолжувањето од осум минути: Еве зошто Мекели е избркан од ЕП

Не било проблем продолжувањето од осум минути: Еве зошто Мекели е избркан од ЕП

Холандскиот судија Дани Мекели повеќе нема да суди на Европското првенство и турнирот за него заврши со натпреварот помеѓу Хрватска и Италија.

Европската куќа на фудбалот одлучи да го суспендира Мекели поради лошото судење во тој натпревар. Најмногу во хрватската јавност се реагираше за продолжувањето од осум минути, Закањи голот кој значеше осминафинале за Италија и елиминација за Хрватска го постигна токму во осмата минута од судиското продолжение.


Холандија фаворит, Австрија и Турција во неизвесна битка! ↓↓↓


Бурно реагираа Хрватите на таквото продолжение, меѓутоа изгледа дека тие осум минути не се главната причина поради која е отстранает од турнирот.

Наводно, шефот на судиите на УЕФА, Роберто Росети за „Кориере дело Спорт“ открил дека Мекели е отстранет поради друга ситуација.

Станувало збор за пеналот кој го одбрани Донарума, а беше досуден поради играње со рака на Фратези. Во УЕФА го санкционирале Холанѓанецот затоа што во таа ситуација не видел очигледно играње со рака и чекал помош од ВАР.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Барса ја постави цената за Араухо, еден клуб спремен да ја плати

Барселона во зимскиот преоден рок одби понуда од 70 милиони евра за Роланд Араухо, но …