Дома Фудбал Останато Не бил жртва само Ди Марија: Крадци вчера влегле и во домот на Маркињос

Не бил жртва само Ди Марија: Крадци вчера влегле и во домот на Маркињос

Изминатата ноќ била драматична во Париз.

Утрово најпознатите медиуми пишуваат за драмата која се одвивала во домот на Анхел Ди Марија, токму и поради тоа Аргентинецот беше заменет од Покетино. Но, тој не бил единствениот кој бил мета на крадци.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Вчера бил ограбен и домот Маркињос.

Ситуацијата со Ди Марија била веројатно повеќе драматична затоа што веста како што и снимија камерите веднаш стигнала до Леонардо кој му пренесе на Покетино да го замени Ди Марија, а Аргентинецот веднаш се упатил во неговиот дом.

Маркињос после натпреварот потврди дека неговото семејство добро со исклучок на претрпениот шок.

„Се случија работи кои немаат врска со спортот и тие ја објаснуваат нашата игра во второто полувреме. Не е алиби, но ни ја одземаа енергијата“, изјави Покетино.

Моментот кога Покетино го менува Ди Марија можете да го погледнете – тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Рио Фердинанд изненади со изборот на напаѓач против кој најмногу би се намачил како фудбалер

Рио Фердинанд, легендарниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед и еден од најдобрите во истор…