Дома Фудбал Лига на шампиони Ѕвездата на ПСЖ до новинар: Ќе видиме кој ќе биде пос*ан кога ќе те начекам надвор

Ѕвездата на ПСЖ до новинар: Ќе видиме кој ќе биде пос*ан кога ќе те начекам надвор

Капитенот на Пари Сен Жермен, Бразилецот Маркињос беше критикуван од страна новинарот Даниел Риоло, а тие критики фудбалерот не ги прифати баш најдобро.

Маркињос одигра солиден натпревар во вчерашната победа на ПСЖ против Реал Сосиедад од 2:0, сепак и покрај тоа доби критики во текот на анализата на емисијата „Афтер фут“.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Критиките за Маркињос во анализата ги изнесе споменатиот новинар Даниел Риоло.

„Со Маркињос постои реален проблем во Лигата на шампионите. Од некоја причина игра како пос*ан. Навистина не знам зошто, но секогаш кога ќе прими топка ми изгледа како исплашен. Однесувањето му е како на лузер“, искоментира Риоло.

Ваквите зборови на Риоло стигнаа и до Маркињос кој жестоко му возврати.

„Ако мислиш дека си маж дојди и кажи го ова пред мене. Ќе видиме кој ќе биде пос*ан кога ќе те начекам надвор некаде“, одговори Маркињос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …