Голден Стејт Вориорси го изедначија резултат на 1:1 во финалето во НБА откако го победија Торонто со 104:109.
Рапторси одиграа одлично прво полувреме, во еден момент водеа и со 12 разлика и изгледаше дека исходот ќе биде како во првиот натпревар.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓутоа во продолжение до израз дојде квалитетот на шампионот. Во третата четвртина направија серија од 18:0 и заминаа на 13 поени предност, па Рапторси немаа шанси за враќање.
Во последната минута успеаа да дојдат на два поени заостанување, но Адре Игудала со тројка на шест секунди пред крајот ги постави конечните 104:109.
Леонард за Торонто постигна 34 поени и запиша 14 скокови, Фред Ван Влет додаде 17, а Ловри 13 поени.
Во победничкиот тим Клеј Томпсон натпреварот го заврши со 25 поени, Стеф Кари два помалку, додека Драјмонд Грин со 17 поени, 10 скокови и девет додавања, му недостасуваше една асистенција за трипл-дабл.
Иако победија Вориорсите имаат причина за грижа затоа што им се повредија неколку кошаркар, а најмногу ги загрижува повредата на Томпсон.
Се уште не е и познато дали Дурант ќе биде спремен за третиот натпревар.
https://www.youtube.com/watch?v=GAFYWOxkiwk