Кошаркарот на Филаделфија, Џоел Ембиид и минатогодишен МВП во НБА, е суспендиран на три натпревари откако го турнал новинарот на еден локален весник, објавиja oд најсилната кошаркарска лига.
Инцидентот се случил ноќта меѓу саботата и неделата за време на натпреварот помеѓу Филаделфија и Мемфис, кога 30-годишниот кошаркар турнал колумнист од локалниот весник, откако новинарот ја критикувал формата на Ембиид, притоа спомнувајќи ги неговиот син и покојниот брат.
Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Центарот на Филаделфија, кој летово го освои олимпиското злато со САД, ги пропушти првите шест натпревари од новата сезона поради проблем со левото колено, поради што веќе имаше операција во февруари.
„Иако разбираме дека Џоел можеби бил лично навреден од оригиналната верзија на колумната, интеракцијата треба да остане професионална на двете страни и никогаш не треба да дојде до физички контакт“, изјави потпретседателот на НБА, Џо Думарс.