Дома Останати Кошарка НБА: Далас го победи Хјустон, Дончиќ одново расположен, Вестбрук одигра за историја (ВИДЕО)

НБА: Далас го победи Хјустон, Дончиќ одново расположен, Вестбрук одигра за историја (ВИДЕО)

Изминатата вечер во НБА лигата се одиграа 10 натпревари.

Оклахома на свој паркет го победи Кливленд со 100:83, а чудесниот Расел Вастбрук одигра натпревар за историја.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Најдобриот играч на Оклахома постигна 23 поени, 19 скокови и додаде 15 асистенции. Доволно за неговиот 107-ми трипл-дабл во кариерата.

Со оваа бројка тој на вечната листа го достигна Џејсон Кид кој исто така собра 107 трипл-дабл, но за тој учинок на Кид му беа потребни многу повеќе натпревари.

Кид за да стигне до таа бројка му беа потребни 1247 натпревари, додека на Вестбрук скоро двојно помалку – 760! На вечната листа во овој сегмент пред Вестбрук се само Оскар Робертсон (181) и Меџик Џонсон (138).

Одличниот Словенец Лука Дончиќ одигра уште еден натпревар за паметење во НБА лигата.

Тој во победата на Далас кај гостувањето против Хјустон 108:128 постигна 20 поени и додаде шест скокови и две асистенции.

Одличен му беше и шутот за три поени, а тоа го докажува видеото од почетокот на мечот кога не успеа да го запре ниту првата ѕвезда на Хустон, Џејмс Харден. Во продолжение погоди и тројка од скоро половина терен.

НБА резултати

Шарлот – Атланта 108:94

Филаделфија – Њујорк Никси 117:91

Бруклин – Јута 91:101

Хјустон – Далас 108:128

Милвоки – Чикаго 116:113

Минесота – Сан Антонио 128:89

Њу Орлеанс – Вашингтон 125:104

Оклахома – Кливленд 100:83

Портланд – Орланд 115:112

Лос Анџелес Клиперс – Феникс 115:99

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јокиќ во сенка на Дурант, Денвер ја прекина серијата на победи (Видео)

Тоа што стана тренд од почетокот на новата сезона, продолжи и синоќа – Денвер повтор…