Грасхопер прв пат после 70 години испадна од првата лига на Швајцарија.
Овој тим доживеа пораз од 4:0, а нивните навивачи го прекинаа натпреварот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ова е црн ден, не само за Грасхопер туку и за целиот швајцарски фудбал. Неверојатно е што се се случуваше на трибините и теренот“, изјави тренерот Ули Форте.
„Не се доближив до навивачите затоа што не сакаа да ме видат. Ако го направев тоа само ќе ја влошев ситуацијата. Задоволен сум како играчите разговараа со нив“.
The entire Grasshoppers team have been forced to remove their shirts and hand them over to the ultras. Not fit to wear the jersey!
Incredible. pic.twitter.com/CWktEZVJYA
— ??????????????? (@FootballSwissEN) May 12, 2019
Голманот Хејнц Линдер беше во солзи после натпреварот.
„Сето ова боли. Неславно завршивме во втората лига. Ние сме преголем клуб за такво нешто. Можам и да ги разберам навивачите. После 64 минути игра губиме 4:0 и испаѓаме од лига. Се обидов да разговарам со нив, но беше залудно“.
Грасхопер со 27 освоени титули е најтрофејниот швајцарски клуб, но последен пат овој клуб шампион беше уште во 2003 година.