Португалскиот репрезентативец Андре Гомеш побарал трансфер од челниците на Барселона после доаѓањето на Филипе Кутињо, пренесуваат шпанските медиуми.
Гомеш оваа сезона одигра само девет натпревари и на теренот помина само 258 минути, а со доаѓањето на Кутињо јасно е дека неговата минутажа додатно ќе се намали.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ако гледаме од финансиски аспект, Гомеш моментално е еден од најскапите резерви во светот. Тој пристигна на „Камп Ноу“ во 2016 година од Валенсија за 35 милиони евра плус додатни бонуси.
Барселона е спремна да му ја исполни желбата на 24-годишниот играч за врска, но за неговата слобода бара 25 милиони евра. Наводно најсилен интерес во моментов покажува Тотенхем, кој е спремен да плати 20 милиони евра.
SPORT reports that Spurs target Andre Gomes has requested to leave Barcelona this window. #COYS pic.twitter.com/peaXtmyGuk
— The Lane Bleeds News (@TheLaneBleeds) January 9, 2018