Дома Македонски спорт Мак фудбал Најдовски и Мицевски го засилија Вардар!

Најдовски и Мицевски го засилија Вардар!

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар се засили со Филип Најдовски и Дарко Мицевски.

25-годишниот Филип Најдоски пристигна од прилепска Победа. Тој е поранешен член на младинската репрезентација на Македонија, кога селектор беше токму сегашниот тренер на Вардар, Бобан Бабунски.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Договорот на Најдовски со „црвено-црните“ е на една година, со можност за продолжување на соработката и во следните две.

Мицевски се враќа во матичниот клуб по долгата интернационална кариера. Досега има настапувано за ОФК Белград, Нови Пазар, Слобода Ужице, во Минск, а во таборот на „црвено-црните“ доаѓа од редовите на Ал-Неџмех од Либан, соопшти Вардар на својата официјална веб страница.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…