Дома Фудбал Останато Најдобро потрошените 75 милиони – Овој „граѓанин“ е рекордер по бројот на асистенции!

Најдобро потрошените 75 милиони – Овој „граѓанин“ е рекордер по бројот на асистенции!

Манчестер Сити ја продолжи победничката серија, вчера на „Итихад“ падна и Вест Хем.

Еден од најдобрите фудбалери на „граѓаните“ во овој момент е Кевин Де Брујн кој во натпреварот против Вест Хем запиша нова асистенција кој за него беше 132 во кариерата.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


26 годишниот фудбалер на Манчестер Сити во 83 минута ја зема топката и ја поведе, а потоа одлично го префрли ривалите и го пронајде Давид Силва кој постигна гол за пресврт и победа од 2:1 во 15 коло од Премиер лигата.

За Де Брујн ова беше осма асистенција оваа сезона, а за две иппол години колку што е во Сити намести вкупно 48 погодоци во сите натпреварувања.

Откако во летото 2015 година од Сити пристигна во Волфсбург за 75 милиони евра што во тие моменти беше клупски и британски рекорд стана најдобар асистент во најсилните пет лиги.

Најдобри асистенсти во најсилните пет лиги од 2015 година.

Кевин Де Брујн (Манчестер Сити) 35

Месут Озил (Арсенал) 32

Кристијан Ериксен (Тотенхем) 30

Луис Суарез (Барселона) 30

Нејмар (Барселона и ПСЖ) 29

Лионел Меси (Барселона) 29

Анхел Ди Марија (ПСЖ) 27

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал Мадрид подготви изненадувањето за Арсенал

Апсолутно никој во Реал Мадрид не се откажа од уште еден пресврт и пласман во полуфиналето…