ФФМ донесе одлука – правдата на дербито помеѓу Вардар и Шкендија ќе ја делат најдобрите судии во Македонија.
Во неделното дерби на арената „Тодор Проески“ главен судија ќе биде Александар Ставрев, зад головите ќе бидат Димитар Мечкаровски и Дејан Јакимовски. Пмошници ќе бидат марјан Кировски и Дејан Костадинов, четврти судија е Гоце Петрески.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Треба да се истакне дека за прв пат се случува најдобрите македонски судии заедно да делат правда на еден натпревар.
Вардар – Шкендија (Александар Ставрев)
Шкупи – Македонија Ѓ.П (Јосип Бартон)
Ренова – Работнички (Албрим Шаќири)
Струга Трим Лум – Борец (Игор Стојчевски)
Силекс – Академија Пандев (Константин Влахо)