Дома Останати Кошарка Најдобриот млад кошаркар во Европа бира помеѓу Србија и Хрватска!

Најдобриот млад кошаркар во Европа бира помеѓу Србија и Хрватска!

Распадот на Југославија ги примора бројни спортисти родени во мешани бракови да бираат за која држава ќе настапуваат. Последен во низата е еден од најдобрите млади кошаркари Марио Накиќ.

Марио е син на хрватскиот кошаркар Иво Накиќ од Ријека кој два пати со Цибона беше европски шампион, а потоа и со Партизан во 1992 година се искачи на врвот на Европа.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


По завршувањето на играчката кариера Иво се врати да живее во Београд каде се ожени со Србинка и во 2001 година во Белград му се роди синот Марио.

Марио поникна во КК Земун, потоа во 2013 година се пресели во Партизан, но во 2015 година го забележа скаутите на Реал и го донесоа во Мадрид.

Накиќ е висок 200 см и тежок 85 килограми, универзалец кој подеднакво добро игра како крило и бек. Оваа сезона дебитираше за сениорскиот тим на Реал Мадрид, а пред неколку дена го предводеше јуниорскиот тим на Реал до титулата во Евролигата.

Во јуниорскиот фајнл-фор беше избран за МВП па медиумите веднаш почнаа да го споредуваат со Лука Дончиќ.

За талентираниот кошаркар логично се заинтересирани Србија и Хрватска, а тој самиот се уште нема донесено конечна одлука.

„Не можам да одговорам на тоа прашање“, кратко изјави Накиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Македонските кошаркарки славеа против Данска

Во првиот натпревар од новиот циклус на квалификации за пласман на Евробаскетот во 2027 го…