Најдобриот играч во Евролигата, во минатата сезона, Нандо де Коло, ги демантира пишувањата на шпанските медиуми дека ќе се пресели во Барселона.
Изминативе денови шпанските медиуми шпекулираа дека тој ја напушти ЦСКА Москва и ќе се пресели во Барселона, екипа која сезонава има огромни проблеми со повредени играчи и која игра далеку под реномето.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меѓутоа, Де Коло веднаш ги демантираше ваквите наоди на шпанските медиуми и тоа преку Твитер.
„И покрај тоа што овде ние „малку“ ладно, мене ми се допаѓа животот во Москва. Но ви благодарам што се грижите за мене“, напиша Французинот.
Де Коло, минатата сезона ја предводеше екипата на ЦСКА Москва до титулата во Евролигата со 19,4 поени, 5 асистенции и 3,6 скокови по натпревар. Оваа сезона пропушти неколку натпревари поради повреда, но и понатаму е клучниот играч на ЦСКА заедно со Милош Теодосиќ.