Шпанскиот весник „Марка“ направи анкета за тоа кои се најдобрите светски спортисти во 21 век, а читателите го избраа американскиот пливач Мајкл Фелпс.
Втор на листата е најбрзиот човек во историјата Усеин Болт, а трет рекордерот според освоени Гренд слем титули, Роџер Федерер.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Потоа следуваат Рафаел Надал и Коби Брајант, а во Топ 10 се уште Тајгер Вудс, Лионел Меси, Луис Хамилтон, Валентино Роси и Кристиано Роналдо.
Она што е изненадувачки е што Новак Ѓоковиќ го нема во Топ 10 и се наоѓа на 11-то место иако доминира со светскиот тенис во овој век и има 17 17 Гренд слем трофеи.