Најдобрата македонска ракометарка Сара Ристовска на крајот од оваа сезона ќе си замине од ЦСК Москва.
Ристовска се одлучи за нов предизвик во кариерата и ја прифати понудата од романскиот Рапид Букурешт.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Сара Ристовска од следната сезона во Рапид. Десното крило има 39 настапи за Македонија на кои постигна 181 гол“, објави Рапид.
Дресот на ЦСКА, Ристовска го носеше од 2019 година, а сезонава успеа да стигне до двојна круна во рускиот ракомет. Покрај ЦСКА претходно во кариерата Ристовска настапуваше за Металург и Вардар во Македонија и Крим од Словенија.