Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Најголемите ѕвезди ја напуштаат Аргентина

Најголемите ѕвезди ја напуштаат Аргентина

Според аргентинските медиуми, најмалку седум играчи од сегашниот состав на Аргентина ќе се откажат од националниот дрес откако ќе заврши првенството.

По дебаклот од Хрватска атмосферата во Аргентина е очајна, па сега нивната иднина на Мундијалот зависи од мечот Нигерија и Исланд. Ако фудбалерите од островската држава триумфираат, ќе биде мошне тешко за “гаучосите” бидејќи поразот од Хрватска беше превисок.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Според најцрното сценарио, Лионел Меси ќе ја заврши репрезентативната кариера два дена по својот 31. роденден и тоа со 127 одиграни натпревари. Покрај него, националниот тим ќе го остават уште: Анхел ди Марија, Серхио Агуеро, Евер Банега, Маркос Рохо, Хавиер Маскерано, Гонзало Игуаин и Лукас Биља.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Вакво нешто не се памети: Доби два жолти картони и остана во игра

Фудбалската јавност остана изненадена по настаните на “Вембли”, каде фудбалеро…