Дома Фудбал Италија Најавуваниот штрајк во ФИАТ поради Роналдо доживеа – фијаско!

Најавуваниот штрајк во ФИАТ поради Роналдо доживеа – фијаско!

fiat ronaldo

Долго време се пишуваше за штрајкот на работниците на ФИАТ поради трансферот на Роналдо.

Компанијата ФИАТ како ќе финасира дел од платата на Кристиано Роналдо во Јувентус, а поради тоа најавен беше и штрајк на вработените, но на крајот тој се покажа како неуспешен.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Имено, работнциите наводно биле револтирани поради тоа што фирмата долги години не ни помислила да им ги покачи платите, а сега „фрла“ милиони за само еден играч.

Од ФИАТ излегоа и со официјално соопштение.

„Стануваше збор за процент од 0.3 отсто од вработените. Поради тоа јасно е дека ова е само идеја на одредени поединци на кои важен им е само личниот интерес. Мило ни е што поголемиот дел од работниците не искажаа поддршка во нивниот личен проблем“, се наведува во соопштението од ФИАТ.

Да потсетиме, Роналдо во Јувентус ќе добива плата од 30 милиони евра по сезона, со што како што споменавме дел од сумата ќе ја плаќа ФИАТ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Перез: Родри ја заслужи „Златната топка“, но не оваа година

Иако Реал Мадрид беше убеден дека Винисиус ќе ја добие „Златната топка“, таа заврши во рац…