Дома Фудбал Репрезентации Најава и анализа: Гибралтар – Македонија, противникот има еден професионалец и „незгоден“ полицаец!

Најава и анализа: Гибралтар – Македонија, противникот има еден професионалец и „незгоден“ полицаец!

gibraltar macedonia

Македонската фудбалска репрезентација денес од 20:45 часот ќе стартува во новото натпреварување Лигата на нации, која нуди пократок и полесен пат до пласман на ЕУРО 2020.

Црвено-жолтите како големи фаворити тргнуваат во авантурата бидејќи играат против аматерите од Гибралтар. Се освен победа на Македонија ќе биде огромно изненадување, но и вистинска катастрофа за нашата репрезентација.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Дуелот против Гибралтар на стартот од Лигата на нациите е идеална шанса да се продолжи низата од седум натпревари без пораз започната од гостинската победа од 0:1 против Израел во Хаифа, точно од пред една година. Од тогаш Македонија има уште шест натпревари и тоа три победи (Израел, Лихтеншнтајн и Норвешка) и четири ремија (Албанија, Италија, Финска и Азербејџан).

Желбата на македонските репрезентативци е да се продолжи и низата од шест едноподруго официјални квалификациски дуели на кои се постигнува барем по еден погодок. Последен пат кога Македонија не успеала да запише гол на квалификациски дуел е на 12-ти ноември 2016 година во поразот од Шпанија на гостински терен. Тоа беше и единствениот натпревари од десетте во квалификациите за СП 2018 во кој Македонија не постигна гол.

makedonija

Познат првиот состав?

Македонскиот селектор Игор Ангеловски го знае стартниот состав за првиот натпревар во Лигата на нации. Се очекува во првата офанзивна линија Македонија да настапи капитенот Горан Пандев, како и Иван Тричковски и Александар Трајковски по страничните позиции.

Во средниот ред ќе бидат Енис Барди, Бобан Николов, како и нешто поофанзивниот Стефан Спировски. Единствена дилема е дали Елиф Елмас ќе добие шанса од стартот на местото на некој од овие тројца.

Во одбраната ќе играат стандардните Стефан Ристовски на десната страна, централните дефанзивци Висар Муслиу и Кире Ристевски како, а на левата бековска позиција ќе биде Езгијан Алиоски кој ќе има поофанзивни карактеристики. На голот се очекува да стартува Столе Димитриевски

Гибралтар е аматерска репрезентација. Сите репрезентативци имаат работа, друга работа а фудбал тренираат аматерски и не живеат од него. Лиам Вокер е фудбалерот кој е единствениот професионалец во составот на Гибралтар. Бил пред пет години член на Портсмут во Англија и Бнеи Јехуда во Израел, на неколку мали клубови од Шпанија и на Линколн и Европа од Гибралтар. Тој беше и стрелец на голот во март кога Гибралтар ја победи Летонија во пријателски меч. Сепак, минатата година токму на стадионот „Викторија” се случи фудбалско чудо. Првакот на Гибралтар го победи славниот Селтик со 1:0. Херој на средбата за кој пишуваше целиот фудбалски свет е искусниот полицаец Ли Кашчиаро

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…