Дома Останати Тенис Најава дека крајот е блиску? Вакво нешто на Ѓоковиќ не му се случило 19 години

Најава дека крајот е блиску? Вакво нешто на Ѓоковиќ не му се случило 19 години

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е во залезот на кариерата, но и понатаму се натпреварува на највисоко ниво, сепак факт е дека годините го стигнуваат.

Показател за тоа е и податокот дека Ѓоковиќ за првпат по 19 години ќе заврши сезона без освоена АТП титула.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Пред неколку дена Новак потврди дека нема да учествува на Мастерсот во Торино и така стана јасно дека ќе има сезона каква што немал скоро две децении.

Дури и во 2017 година кога Ѓоковиќ имаше еден голем пад во кариерата успеа да освои еден турнир, сепак оваа година тоа не се случи. Но, треба да се каже и дека Новак успеа во својата најголема цел, а тоа е да го освои златото на Олимписките игри во Париз кое му недостасуваше во спектакуларната кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ се надева на нова титула – ќе биде четврти носител на Австралија Опен

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ пристигнува на Австралија Опен како четврти носите…