Од 14-ти јуни до 15-ти јули фудбалот ќе биде главна тема во целиот свет, а се останато ќе биде споредно. Мундијалот се враќа на Стариот континет и ќе се одржи во Русија, поточно на 12 стадиони во 11 градови.
Натпреварите во групната фаза на Мундијалот 2018 ќе се играат од 14:00, 16:00, 17:00 и 20:00 часот по македонско време, а ќе има и еден кој ќе започнува од 12:00 часот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што знаете нашата редакција секој ден ви претставува „лична карта“ на по една репрезентација. Вчера започнуваме со групата Е, па после Бразил ви ја претставуваме селекцијата на нашиот сосед – Србија.
СРБИЈА
Српската репрезентација е сместена во Група Е заедно со репрезентациите на Швајцарија, Бразил и Коста Рика. На прв поглед ова и не изгледа премногу тешка група за Србија која во каква конкуренција има право да се надева на пласман во нокаут фазата.
Селекцијата на Србија во својата историја до сега забележала солидни 11 настапи на мундијалите, што секако е бројка за респект.
Светското првенство ќе го започнат со натпреварот кој едноставно мораат да го добијат доколку сакаат пласман во следната фаза – играат на 17 јуни против Костарика. Потоа за Србите на 22 јуни следи можеби и најважниот натпревар во групната фаза против селекцијата на Швајцарија, за групите да ги завршат против „Кариоките“ на 27 јуни.
Србија место помеѓу најдобрите 32 репрезентации во светот обезбеди преку квалификациската група Д во која и по квалитетот се очекуваше да бидат учесници на овој Мундијал. Друштво на Србите во групата во која завршија како лидери им правеа Република Ирска, Велс, Австрија, Грузија и Молдавија. Тие завршија на првата позиција со 21 освоен бод, два повеќе од Ирска.
Во овој момент селекцијата предводена од Младен Крстајиќ се наоѓа на 35-та позиција на ФИФА ранг листата.
На Мундијалот ќе настапат во гарнитура дизајнирана од „Пума“.
Селекторот Крстајиќ неодамна објави список од 27 играчи, а до 4 јуни кога ќе мора да биде предаден конечниот список ќе мора да отстрани четворица
Голмани: Владимир Стојковиќ, Предраг Рајковиќ, Марко Димитровиќ, Александар Јовановиќ.
Одбрана: Антонио Рукавина, Александар Коларов, Милан Родиќ, Бранислав Ивановиќ, Матија Настасиќ, Душко Тошиќ, Милош Вељковиќ, Никола Милинковиќ, Урош Спајиќ.
Среден ред: Немања Матиќ, Лука Миливојевиќ, Марко Грујиќ, Немања Максимовиќ, Душан Тадиќ, Андрија Живковиќ, Мијат Гачиновиќ, Немања Радојниќ, Сергеј Миликовиќ-Савиќ, Адем Лајиќ
Напад: Александар Пријовиќ, Лука Јовиќ