Жозе Мурињо со доаѓањето на Алексис Санчез ги реши проблемите во офанзивниот дел од тимот, а следниот преоден рок има намера да ја засили одбраната.
Поразот од Тотенхем го натера Португалецот да размислува за одбраната, а според англиските медиуми, мета на Мурињо е 24 годишниот фудбалер на Барселона Самуел Умтити.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Францускиот репрезентативец неодамна потпиша нов договор со Барселона во кој има и откупна клазула од 60 милиони евра, а тоа ќе се обиде да го искористи Мурињо. Манчестер е спремен да ја плати клазулата бидејќи Умтити го сметаат за фудбалер на долги патеки.
Да потсетиме, Пике кој го продолжи договорот потенцираше дека Умтити е фудбалер кој Барселона мора да го задржи, па останува да видиме како работите ќе се одвиваат во летнтиот преоден рок.