Дома Фудбал Останато Натпреварот помеѓу Нант и Сент Етјен беше прекинат во 9-тата минута во чест на Сала (ФОТО+ВИДЕО)

Натпреварот помеѓу Нант и Сент Етјен беше прекинат во 9-тата минута во чест на Сала (ФОТО+ВИДЕО)

Вчера Нант го одигра првиот натпревар после исчезнувањето на авионот со кој Емилијано Сала леташе кон Кардиф.

На натпреварот помеѓу Нант и Сент Етјен фудбалот беше во втор план, сите на стадионот беа со мислите со Аргентинецот и неговото семејство.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


На загревањето и двата тима носеа маици во чест на напаѓачот. Пораката на Нант гласеше „Те сакаме Еми“ додека од Сент Етјен порачаа „Молете се за Сала“.

Главниот судија во 9-тата минута го прекина натпреварот, а стадионот испрати громогласен аплауз како поддршка за Сала.

Пред натпреварот на средината на теренот беше поставен транспарент со ликот на Сала, додека навивачите имаа подготвено кореографија во чест на нивниот миленик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мајк Мањан го напушта Милан, но не потпишува со Челзи!

Според информациите од италијанските медиуми, голманот на Милан, Мајк Мањан, ќе го напушти…