Фудбалерите на Сент Етјен го победија Мец со резултат 2:1 (1:1) на стадионот „Зофора Гишар“ во првиот натпревар од плеј-офот за да пополнат место во Лига 1.
По двегодишно отсуство од елитниот фудбал, вториот најтрофеен француски клуб е пред кам-бек и засега е на половина пат.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Натпреварот за домаќините одлично започна кога Ибрахим Сисоко во 19. минута му донесе водство на Сент Етјен, што само ја разгоре и онака вжештената атмосфера на стадионот „Џефри Гишар“. Но, кон крајот на полувремето Исмаел Траоре погоди за изедначување.
Моментот на одлука во натпреварот се случи во 81. минута кога Матје Кафаро ја забележа втората асистенција на натпреварот, а Ирвин Кардона го искористи „пливањето“ на противничкиот голмна и донесе еуфорија кај навивачите на Сент Етјен.