Фудбалерите на Барселона утре би требало да го одиграат натпреварот од второто коло во Ла Лига против Атлетик Билбао.
Натпреварот е закажан за во 21:00 часот, но шпанските медиуми пишуваат дека постои можност тој да се одложи поради коронавирус во редовите на Барселона.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Имено, од Барселона вчера потврдија дека двајца членови на стручниот штаб се позитивни на коронавирусот поради тоа беше и откажана денешната прес-конференција која требаше да ја има Роналд Куман.
Денес каталонскиот клуб ќе ги тестира сите играчи и членови на првиот тим, а доколку се појават уште заразени натпреварот против Атлетик веројатно ќе се одложи.
Барселона требаше да има и тренинг во 11 часот, но и тој е одложен, играчите во тоа време ќе дојдат во тренинг центарот за да бидат тестирани. Резултатите ќе бидат познати до крајот на денот.