Дома Останати Нате Диаз го провоцира Кабиб: Твојот скор е 29:1, не 29:0

Нате Диаз го провоцира Кабиб: Твојот скор е 29:1, не 29:0

Кабиб Нурмагомедов со 29 победи во исто толку борби ја заврши кариерата.

Непоразениот борец од Дагестан ја одбрани титулата во лесна категорија и објави дека ја завршува кариерата на 32 години.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Спортската јавност во пензија го испрати со пофалби на друштвените мрежи, убава порака доби Кабиб дури и од неговиот најголем ривал, Конор Мекгрегор. Помеѓу ретките кои одлучија да го провоцираат е Нате Диаз.

„29-1“ кратко напиша Диаз како коментар за скорот на Кабиб.

Диаз алудираше на инцидентот од 2015 година. Тогаш тимовите на двата борци влегоа во судир. Според верзијата на Диаз тој дошол до Кабиб и му удрил шлаканица на што Дагестанецот не му возвратил.

„Го чекав после тоа, го чекав и чекав, а тој не собра храброст да се појави. Не требаше да го удрам, тоа беше глупав потег, но бев многу бесен“, се потсети Диаз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Одбојкарите утре ги започнуваа подготовките за „Златната лига“

Машката сениорска репрезентација, утре во 13:30 часот, во хотелот „Горан Пандев“ во Струми…