Дома Трансфер зона Насри доби нова понуда, овој пат од Шпанија

Насри доби нова понуда, овој пат од Шпанија

Поранешниот француски репрезентативец Самир Насри и понатаму е без ангажман откако на почетокот од годината го раскина договорот со Анталиаспор.

Насри го напушти турскиот клуб поради финансиски проблеми и сега е во обид да најде нова средина, а според пишувањата на медиумите, би можел повторно да заигра во Шпанија.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


За услугите на 30-годишниот фудбалер интерес покажа прволигашот Лас Палмас, кој на големо бара замена за Џонатан Виера кој се пресели во Кина.

Преговорите помеѓу двете страни се веќе воспоставени. Во Лас Палмас се надеваат дека ќе успеат да го убедат Насри да дојде и да му погне на клубот во борбата за опстанок. Сепак, тоа нема да биде лесно, бидејќи французинот на маса има уште неколку понуди. Помеѓу останатите се понудите од Вест Хем и Зенит.

Лас Палмас  во шпанската Ла Лига моментално се наоѓа во опасната зона, односно на 18 позиција.

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Деко потврди дека пристигнала официјална понуда за Јамал

Со само 17 години, Ламин Јамал стана еден од најдобрите фудбалери во светот и играч околу …