Своите први натпревари вечерва ги одиграа Наполи – Барселона и Челзи – Баерн.
Баерн Минхен со една нога веќе е во четвртфиналето бидејќи вечерва на гости го победи Челзи со 0:3. Во првото полувреме на оваа средба гледавме натпревар со по некоја шанса и на двете страни, меѓутоа погодоци во првите 45 минути не видовме.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вториот дел донесе целосна доминација на Баерн. Серж Гнбари и Роберт Левандовски го потопија Челзи. Прво во 51. и 54. минута Гнабри постигна два гола, а Левандовски два пати асистираше, за потоа на 15 минути до крајот Левандовски да ги постави конечните 0:3.
Во вториот натпревар вечерва Наполи и Барселона во Неапол одиграа 1:1. Наполи до предност стигна со евроголот на Дрис Мертенс во првото полувреме, додека Барселона во вторите 45 минути го изедначи резултатот преку Гризман.
Артуро Видал пред самиот крај на натпревар имаше еден дуел со Марио Руи после кој доби втор жолт картон и пред време го заврши натпреварот.
Нашиот Елиф Елмас во овој натпревар не доби минутажа од Гатузо.
Утре во најелитното европско натпреварување не очекуваат средбите Лион – Јувентус и Реал Мадрид – ПСЖ.