Дома Трансфер зона Наполи ја одредил цената за Осимен: Кој е спремен да ја плати?

Наполи ја одредил цената за Осимен: Кој е спремен да ја плати?

Нигериецот Виктор Осимен игра одлична сезона во Серија А и многу големи клубови се заинтересирани за напаѓачот кој е прв стрелец во калчото.

Наполи секако не сака да се откаже од Осимен, но на Де Лаурентис изгледа му станува јасно дека летово може да биде одлична шанса за супер заработка од Нигериецот. Според последните информации Наполи за Осимен ќе бара сума од огромни 150 милиони евра и ако Де Лаурентис успее да го продаде за таа сума тоа ќе биде најскапата продажба на еден фудбалер од Серија А.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Претходно најголем интерес за Осимен покажуваше Баерн Минхен, меѓутоа тешко дека гигантот од Минхен би се вклучил во трката бидејќи е познато дека не сакаат да исплаќаат толку големи суми.

Италијанските медиуми шпекулираат дека како најреална опција за Осимен изгледа Пари Сен Жермен кој би можел да ослободи простор со заминување на некои од сегашните ѕвезди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид следното лето носи две ѕвезди бесплатно

Реал Мадрид ова лето го доведе Килијан Мбапе без обештетување како слободен играч, а сега …