Дома Фудбал Италија Наполи со победа над Рома на гости го отвори новото коло од Серија А

Наполи со победа над Рома на гости го отвори новото коло од Серија А

Наполи ја победи Рома со 2:1 на отворањето на 27.коло од италијанската Серија А. Дербито во Рим го реши Дрис Мертенс кој ги постигна двата гола за „наполитанците“, во 26. и 50.минута. Поразот на Рома го ублажи Кевин Стротман во 89.минута.

Со оваа победа Наполи ги задржа шансите за освојување на втората позиција која обезбедува директен пласман во Лигата на шампионите следната сезона.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Вечерва играат:
Сампдорија – Пескара и
Милан – Киево.

Седум дуели се играат утре:
Аталанта – Фиорентина,
Емполи – Џенова,
Каљари – Интер,
Удинезе – Јувентус,
Торино – Палермо,
Кротоне – Сасуоло и
Болоња – Лацио.

Табела: Јувентус 66 бода, Рома 59, Наполи 57, Аталанта 51, Лацио 50, Интер 48, Милан 47

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

На тренинг-центарот на ФФМ денеска се игра најголемото дерби сезонава во ПМФЛ!

Денешното 21. коло во ПМФЛ носи едно од најочекуваните дербија оваа сезона – Вардар против…