Фудбалерите на Наполи синоќа ремизираа на гостувањето кај Сасуоло (3:3).
Љубителите на фудбалот можеа да уживаат во синоќешниот натпревар на кој видовме шест погодоци.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, не сите уживаа во натпреварот. Имено, капитенот на гостинскиот тим Лоренцо Инсиње беше бесен кога Сасуоло изедначи на 3:3, па тимот го нарече „Сра*е од тим.“
Тоа предизвика лавина реакции на негова сметка, а денеска се огласи и Наполи со цел малку да ја смири ситуацијата. Од клубот тврдат дека помеѓу Инсиње и соиграчите нема никакви проблеми.
„Сакаме да се огласиме поради шпекулациите во медиумите и јасно да дадеме до знаење дека немаше кавга помеѓу капитенот и неговите соиграчи. Тој ги исфрли од себе фрустрациите после натпреварот и тоа е се.“ – соопштија од Наполи.