Дома Фудбал Наполи има нов тренер кој паралелно ќе предводи и репрезентацијата на ЕП

Наполи има нов тренер кој паралелно ќе предводи и репрезентацијата на ЕП

ФРАНЧЕСКО КАЛЗОНА (55) е нов тренер на Наполи до крајот на сезоната. Калзона паралелно ќе ја води и репрезентацијата на Словачка, чиј селектор е од 30 август 2022.

Словаците се согласија на оваа комбинација, па Калзона ќе биде на клупата на ЕП.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Калзона работеше исклучиво како помошник тренер до 2022 година. Така беше во Перуџа, Алесандрија, Соренто, Емполи, Каљари, но и Наполи од 2015 до 2018 година. Тој во Наполи во сезоната 2021/2022. бил и технички директор. На клупата ќе го наследи Валтер Мацари (62) кој го предводеше Наполи од 14 ноември 2023 година.

Во 17 натпревари, Мацари оствари шест победи, три нерешени и осум порази. Прв тренер на Наполи оваа сезона беше Руди Гарсија (59), кој доби отказ по осум победи, четири нерешени и четири порази.

Наполи е актуелен италијански шампион, а во среда ја пречекува Барселона во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо откри дали би се вратил во Реал Мадрид

Жозе Мурињо категорично ги отфрли шпекулациите за евентуално враќање на клупата на Реал Ма…