Наполи е во серија на лоши резултати и раководството одлучи да му врачи отказ на тренерот Валтер Мацари, па назначи привремен тренер.
Мацари седна на клупата во октомври како замена за Руди Гарсија, но резултатите на тимот само се влошија под негово водство.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Наполи е во потрага по нов тренер, а прва желба на претседателот Де Лаурентис е тренерот на Милан, Стефано Пиоли.
Пиоли со успех ги води „росонерите“ веќе неколку сезони, но медиумите тврдат дека двете страни ќе се разделат на крајот на сезоната.
Наполи сака да ја победи конкуренцијта и прв да дојде до искусниот тренер.