Дома Топ вести Наинголан пристигна на потпис во новиот клуб: Се обидов да останам во Интер, но тие не сакаа

Наинголан пристигна на потпис во новиот клуб: Се обидов да останам во Интер, но тие не сакаа

Белгискиот фудбалер Раџа Наинголан ќе го напушти Интер во наредните денови.

Антонио Конте одлучи дека Наинголан не му е потребен и му порача на Белгиецот дека може да побара нов клуб. Изгледаше дека ќе ја избере Фиорентина, но на крајот Наинголан се одлучи за враќање во Каљари.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Наинголан во клубот од Сардинија играше од 2010 до 2014 година, потоа премина во Рома. Белгиецот денес допатува во Сардинија каде што го чекаше група навивачи на Каљари.

Белгиецот порача дека е среќен што се враќа и дека имал други понуди, но дека на крајот неговото срце одлучило да го избере Каљари.

„Среќен сум што сум повторно тука, иако имав и други понди на крајот избрав со срце. Се обидов и да останам во Интер, разговарав со нив, но тие не го сака тоа“, изјави Наинголан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…