Дома Фудбал Останато Наинголан: На фудбалерите треба да им биде дозволено да пушат цигари

Наинголан: На фудбалерите треба да им биде дозволено да пушат цигари

naingolan

Раџа Наинголан е познат по тоа што нема влакна на јазикот и дека секогаш искрено го кажува тоа што го мисли, па поради тоа често пати беше казнуван во кариерата.

Наинголан не крие дека сака да конзумира алкохол и цигари, а тоа често пати го објавуваше и на друштвените мрежи. Тоа беше главна причина поради што Роберто Мартинез не го повика во репрезентацијата на Белгија, иако зад себе имаше одлични настапи во дресот на Рома.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


После таквата ситуација Наинголан се откажа од настапувањето за селекцијата на Белгија, а неодамна потврди дека нема да се врати и ако селекторот биде променет.

Сега Раџа порача дека му е жал што никогаш никој диреткно не му кажал дека не игра затоа што пуши и порача дека на фудбалерите би требало тоа да им биде дозволено.

„Луѓето за мене често кажуваат дека сум опасен, но тоа не е ниту блиску до вистината. Можам да живеам во најлошота населба, а да бидам нормален. Можам да живеам и по правилата на другитефудбалери, но тоа не значи дека е нешто кое го сакам. Често пати пијам алкохол и конзумирам цигари. На фудбалерите би требало да им биде дозволено да пушат цигари, ако тоа е нешто кое ги прави среќни. Ако некој сака тој сигурно ќе го прави тоа, а со криењето само се создава полоша атмосфера“, смета Наинголан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…