Дома Останати Тенис Надал: Тешко е, но ова е – збогум!

Надал: Тешко е, но ова е – збогум!

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал не одигра толку лош турнир во Мадрид, но учеството го заврши во осминафиналето со поразот од Чехот, Јирџи Лехечка (5:7, 4:6).

По мечот Надал на тажен начин се прости од публиката во Мадрид бидејќи за него ова беше последен пат да игра во својата татковина.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Организаторите за Рафа подготвија посебен пехар, а тој одржа специјален говор и најави дека дефинитивно ова е последен пат да игра на турнирот во Мадрид.

„Ова беше еден од оние моменти кога станува тешко. Сепак, мојот живот и моето тело веќе испраќа сигнали подолго време. Сонот ми беше да завршам тука, имав среќа мојата страст да ја претворам во работа. Бев привилегиран.

Мојот сон до крајот е да ги одиграм турнирите на кои имав успех во минатоо. За жал отпадна Монте Карло, но во Рим освоив, мислам десет титули. Сакам да играм таму во добро светло. Имам планови ќе видиме како ќе течат работите“, изјави Надал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Реал тргнува по дефанзивец на Тотенхем

Реал Мадрид сака да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, а најново име на списокот…