Рафаел Надал, вториот играч на АТП листата со тешка победа се пласира во 3. коло на Мастерс турнирот кој се игра во Париз.
Лопез, еден од ретките Шпанци кои преферираат тврда подлога пред земја го намачи Надал кој после два и пол часа успеа да слави со 2:1 во сетови 4:6/7:6(5)/6:4.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Ова е јубилејна 1.000 победа во блескавата кариера на Шпанецот, уште еден јубилеј во неверојатната 2020, во која го стигна рекордот на Роџер Федерер од 20 Гренд Слем титули.
Коментари