Дома Останати Надал испрати емотивна порака до Федерер: Ова е тажен ден за спортот!

Надал испрати емотивна порака до Федерер: Ова е тажен ден за спортот!

Рафаел Надал испрати емотивна порака до своот пријател и ривал Роџер Федерер, откако Швајцарецот најави дека се пензиоира.

Федерер оди во пензија по настап на Лејвер купот следната недела, а досега во кариерата освои 103 трофеи од кои 20 се Грен слем титули.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Федерер и Надал одиграа голем број дуели, нивното ривалство е историско, па Шпанецот испрати емотивна порака.

„Драг Роџер, мој пријател и ривал. Посакував овој ден никогаш да не дојде. Ова е тажен ден за мене лично и за сите љубители на спортот низ целиот свет. Ти го кажав тоа кога зборувавме и сега е тука. Беше вистинско задоволство, но и привилегија и чест да се споделат овие години со тебе, толку неверојатни моменти на теренот и надвор од него. Ќе имаме многу моменти во иднина кои ќе ги правиме заедно, го знаеме тоа. Засега, ти посакувам среќа со твојата сопруга Мирка, со твоите деца и твоето семејство и да уживаш во тоа што е пред тебе. Ќе се видиме во Лондон на Лејвер купот“, напиша Надал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Сабаленка го одбрани трофејот во Мајами

Со ова Сабаленка го одбрани минатогодишниот пехар во Мајами, а воедно ја комплетираше сери…