Вториот рекет во светот, Рафаел Надал нема да биде на располагање на својата репрезентација за мечот против Австралија во рамките од АТП Купот.
Шпанија силите ќе ги одмери со Австралија во првото коло од АТП Купот, а место Рафа за Шпанија ќе настапу Роберто Баутиста Агут.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Надал на Твитер образложи дека се повлекол поради здравствени причини.
„Поздрав на сите, тимот и јас одлучивме да не играм денес во првиот меч од АТП Купто во Мелбурн поради повреда. Се надевам дека ќе бидам подобро во четврток. Имаме силен тим со Пабло Карењо Бусто, Роберто Баутиста Агут и Марсело Гранојлерс. Напред Шпанија“, напиша Надал.