Дома Останати Тенис Надал ги разочара фановите: Не знам кој ја објави таа информација…

Надал ги разочара фановите: Не знам кој ја објави таа информација…

Во медиумите се појави вест дека шпанскиот тенисер Рафаел Надал се враќа на Мастерсот во Монте Карло со кој ќе почне сезоната на земјена подлога, но тој вели дека тоа не е вистина.

Турнирот во Монте Карло ќе почне на 8 април, а Надал демантираше дека сигурно ќе настапи на турнирот кој го освои 11 пати во кариерата.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


„Уште не можам да потврдам дека ќе играм во Монте Карло, не знам кој ја објави таа информација“, кажа Надал.

Надал е пријавен на турнирите во Монте Карло и Барселона, но неговите мисли се насочени кон Ролан Гарос и затоа не сака да ризикува претходно доколку не биде целосно подготвен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ не запира, сруши и уште еден рекорд!

Најуспешниот и по многумина најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, повторно по…