Рафаел Надал вчера беше елиминира од Мастерсот во Рим, но се чини дека ваквиот момент е помал проблем за еден од најдобрите на сите времиња.
Шпанецот по мечот истакнал дека не се работи за некоја нова повреда, туку хроничен проблем кој го има со стапалото и кој му создава сериозни проблеми.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Навикнат сум на повреди и ова не е нешто ново за мене, но последните неколку денови не ми беа лесни. Се трудам, но во некои случаи, како овој, навистина ми е тешко да ја прифатам ситуацијата и да се помирам со фактот дека не можам да тренирам неколку дена по ред. Денеска почнав да чувствувам болка на средината од вториот сет, а потоа беше речиси невозможно да се игра“.
„ Давам се од себе. Меѓутоа, ќе ви кажам, фрустрирачки е кога поголемиот дел од деновите не можете ни да тренирате како што би сакале“, изјави Шпанецот.