Дома Фудбал Германија Нагелсман ги загуби нервите, па тргнал да ги тепа судиите

Нагелсман ги загуби нервите, па тргнал да ги тепа судиите

Баерн Минхен доживеа непријатен пораз (3-2) од Борусија Менхенгладбах, кој може да го чини шампионот пад на второто место на табелата.

Тренерот Јулијан Нагелсман, не го прифати најдобро судењето на овој меч, па според „Билд“ дивеел во соблекувалните и се обидел да ги нападне судиите.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Тој ги загубил нервите и со тупаница чукал на вратата од судиската соблекувална, а потоа и влегол внатре да се објаснува.

„Емоциите се дел од спортот, но морам да се извинам за изборот на зборови што му ги упатив на судијата Тобијас Велш и на неговите помошници. За жал, отидов предалеку“, изјави Нагелсман, кој може да биде казнет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Давид Виља има нова улога: Се врати во Атлетико Мадрид!

Во Атлетико Мадрид, четвртокот го означи почетокот на ново поглавје откако американската к…