Дома Фудбал Англија Навивачите разочарани: Ова е крај на Челзи каков што го познаваме!

Навивачите разочарани: Ова е крај на Челзи каков што го познаваме!

Лондонски Челзи се соочува со големи потешкотии поради санкциите од британските власти кон Роман Абрамович.

На рускиот тајкун му е замрзнат целиот имот во Велика Британија тоа го вклучува и Челзи кој не може да продава влезници за натпреварите, затворени се клупските продавници и „сините“ не можат да потпишуваат договори со играчи. На сето тоа и главниот збор на клубот „Три“ кој дава 40 милиони евра побара раскинување на соработката.


Германија гази и најавува битка за титула! ↓↓↓


Ваквите санкции и тоа како ги загрижија навивачите на лондонскиот клуб кои сметаат дека доаѓа крајот на тимот каков што го познаваат. Загриженоста ја искажуваат на друштвените мрежи.

„Тоа е тоа. Ова е крај на Челзи каков што го познаваме. Беше убаво додека траеше“, напиша еден од навивачите на лондонскиот клуб.

Сигурно дека навивачите посакуваат клубот да добие нов сопственик за да функционира нормално, но со оглед на санкциите кон Абрамович тој процес ќе потрае.

„На Челзи му е искажана смртна пресуда. Секој чест на оној кој го советуваше Роман да не го продаде клубот минатата недела“, пишува друг разочаран навивачите.

За целата ситуација со официјално соопштение се огласи и Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Во Реал Мадрид немаат дилеми кој ќе биде капитен по Начо

Шпанскиот фудбалер Начо Фернандез вчера прифатил двегодишна соработка од Ал Кадсија и таму…